Двејн Џонсон повторно најплатен глумец

Фото: Инстаграм

Американскиот актер Двејн Џонсон, според списанието „Форбс“, втора година по ред е најплатен актер.

Популарниот „Карпа“ според Би-би-си, во периодот меѓу 1 јуни 2019 година и 1 јуни 2020 година заработил 87,5 милиони долари.

Освен од филмската индустрија, Џонсон заработил пари и од неговата линија за фитнес облека „Project Rock“.

Втор на списокот на најплатени актери е Рајан Рејнолдс со заработка од 71,5 милиони долари.

Рајан Рејнолдс со соптугата Блејк Лајвли и децата/ EPA/MIKE NELSON

На третото место се најде актерот и продуцент Марк Валберг, со заработени 58 милиони долари, четврти е Бен Афлек, а на петто место е Вин Дизел.

Марк Валберг/Instagram
Бен Афлек со Ана де Армас/Instagram
Вин Дизел (лево) во „Брзи и бесни“/ Фото: Профимедиа

На шестото место се најде индискиот актер Акшај Кумар, со заработка од 48,5 милиони.

На списокот се наоѓаат и креаторот на Хамилтон, Лин-Мануел Миранда, актерите Вил Смит и Адам Сендлер, како и Џеки Чен.

Кога ќе се собере заработката на првите десет најплатени актери во изминатата година, излегува дека заедно тие заработиле 545,5 милиони долари, а една четвртина од таа сума доаѓа од Нетфликс, пишува „Форбс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот