Две жени завршиле во тетовската болница со тешки повреди – ги удриле со мотоцикл и тротинет
Двe жени кои се движеле пеш вчера настрадале во сообраќајниот хаос кој владее на тетовските улици – едната, на возраст од 67 години била удрена од мотоцикл, додека возач на електричен тротинет, кој по несреќата избегал од местото, неколку часа порано удрил во 53-годишна жителка на Тетовско. И двете жени се префрлени во болница со тешки повреди, соопшти полицијата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Вчера околу 16:40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул. „Видое Смилески-Бато“ во Тетово, мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Х.Ш. (56) од с. Мала Речица, Тетовско, удрил во пешакот Ф.Б. (67) од с. Стримница, Тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Б., констатирани во Клиничката болница во Тетово“, велат од СВР Тетово.
Истиот ден околу 14:00 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на крстосница од ул. „121“ и бул. „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, електричен тротинет удрил во пешакот Е.М. (53) од с. Добарце, Тетовско, по што лицето кое го управувало го напуштило местото на настанот. Во несреќата жената исто така се здобила со тешки повреди, кои биле констатирани во болницата.


