Две третини од заразените на носачот на авиони Теодор Рузвелт се асимптоматски

Две третини од членовите на екипажот на носачот на авиони Теодор Рузвелт, кои се позитивни на коронавирус се без никакви симптоми, изјави вториот човек на Генералштабот на американската армија, генерал Џон Хајтен.

Носачот на авиони е во карантин во Гуам, а еден припадник на американската морнарица почина од последиците на Ковид-19.

Генералот Хајтен рече дека ситуацијата на носачот на авиони му овозможила на Пентагон да собере вредни податоци за влијанието на новиот коронавирус на воената популација.

– Тоа се само  5.000 луѓе, но 5.000 луѓе од одредена категорија, помлади и поздрави од општата популација, рече Хајтен.

Според досегашните податоци, асимптоматските случаи кај заразените биле меѓу 20 и 50 проценти. Сепак, според генералот кој е член на Кризниот штаб за борба против ширење на пандемијата во САД, меѓу екипажот на носачот на авиони, оние кои немаат никакви симптоми сега изнесува меѓу 60 и 70 проценти.

Многу членови на екипажот кои беа тестирани и беа негативни на вирусот на крајот на март, сега се позитивни. Нешто повеќе од 10 проценти од заразените првично биле негативни.

Хајтин рече дека сите кои прво биле негативни, а потоа позитивни, тој премин се случил во период од 14 дена – што е и периодот на изолација, кој се препорачува ширум светот за заштита на здравата популации.

Вчера наутро беа тестирани 94 проценти од екипажот. Вкупно 660 маринци се позитивни и 3.920 негативни на новиот коронавирус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот