Фото: Илустрација

Две лица се повредени откако со автомобил излетале од патот Битола-Демир Хисар

Две лица се повредени од кои еден потешко, откако автомобил излетал од патот Битола-Демир Хисар вчера околу 15 часот и 15 минути.

„На 24.09.2023 во 15.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на  патот Битола – Демир Хисар, кај место викано „Шуклов мост”, патничко возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(66) од Битола, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а 17-годишниот сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола“, информираат од МВР.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот