Двајца починати и 62 новозаразени од ковид-19

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.226.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-5, Куманово-1, Тетово-9, Битола-1, Гостивар-1.
Во ГОБ „8 септември” почина пациент од Струга (60г.) примен во болницата на 22 мај. Евидентиран е пациент од Гостивар (64г.) примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат.
Во последните 24 часа направени се 771  тестирања, а регистрирани 62  нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-2, Штип-14, Тетово-12, Струга-4, Велес-1, Гостивар – 3, Кочани – 1 и Валандово-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.226, бројката на оздравени пациенти е 1.552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541. Последната дистрибуција по градови е следната:

• Скопје – 841, активни 267
• Куманово – 455, активни 45
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 76, активни 41
• Прилеп –211, активни 41
• Тетово – 210, активни 78
• Струга – 84, активни 14
• Велес – 130, активни 30
• Битола –28, активни 3
• Охрид –23, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0  
• Гостивар –26, активни 6
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 33, активни 2
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 3, активни 1
• Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 0
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -2, активни 1
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 0
• Берово-1, активни 0
• Свети Николе-1, активни 1.
Направените 771 теста се преку: ИЈЗ –447, ЦЈЗ Скопје- 15, Авицена –27, Биотек -92, Филип Втори (Жан Митрев) –6, Систина со PCR метода -70  и МАНУ -114.  Досега во земјата се направени вкупно 29575 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега во рамките на скринингот се направени 3723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 5 пациенти, хоспитализирани се вкупно 44 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти, 1 пациент е на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември” примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 35 пациенти. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се уште 10 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи уште 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 28 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот