Двајца ја делат титулата најдобар тренер во НБА!

EPA-EFE/TANNEN MAURY

Еден тренер од Истокот и еден од Западот добија ист број на гласови…Гласаше Синдикатот на тренери во НБА лигата, право на глас имаа тренерите на сите 30 екипи, па одбрани беа најдобрите во лигата.

Се бараше најдобриот, но ист број на гласови добија тренерот на Милвоки Бакс, Мајк Буденхолцер и тренерот на Оклахома, Били Донован.

Зад нив се се најде стратегот на Торонто, Ник Нурс, кој минатата сезона го освои шампионскиот прстен со Репторси.

Милвоки на Буденхолцер е прв во лигата со учинок од 54 победи и 13 порази, додека Оклахома го изненади сите со 41 триумф и 24 порази досега, иако минатото лето остана без првата ѕвезда, Расел Вестбрук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот