Моќна игра на Вестбрук во дербито со Милвоки и Јанис (ВИДЕО)
Хјустон рокетс во дербито на вечерта го совлада најдобриот тим во лигата Милвоки бакс со 120:116, со што се освети за поразот од сезоната. Милвоки бакс пропушти шанса со победа да го обезбеди првото место во Источната конференција.
Во тоа ги спречи Расел Вестбрук кој беше најзаслужен за пресвртот во последната четвртина кога „ракетите“ ја анулираа негативата од осум поени.
Вестбрук натпреварот го заврши со 31 поен, 8 асистенции и 6 скокови, Џејмс Харден имаше 24 поени, додека кај Милвоки импресивен настап имаше Јанис Адетокумпо со 36 поени и 18 скокови.
Сан Антонио спарс ги остави живи надежите за пласман во плејофот откако со 108:106 го совлада директниот конкурент Мемфис гризлис.
Човек на одлука беше Демар Дерозан кој постигна 14 поени кое се одлушуваше победникот, а Мареј имаше 21 поен и 10 скокови.
Руди Геј на кого не му одеше шутот, кога беше најпотребно во последните моменти од натпреварот постигна тројка која му ја донесе победата на Сан Антонио.
Додека Сан Антонио ги задржа шансите за плејоф, тие се уништени за
Портланд и Сакраменто кои загубија од Бостон односно Орландо.
Лука Дончиќ постигна 40 поени но не успеа да му донесе победа на Далас маверикс во дуелот со Феникс санс. Заслугите за победата одат на сметка на Девин Букер кој постигна 30 поени.
Резултати:
Бруклин – Вашингтон 118:110, Бостон – Портланд 128:124, Мемфис – Сан Антонио 106:108, Орландо – Сакраменто 132:116, Милвоки – Хјустон 116:120, Феникс – Далас 117:115.