Двајца велосипедисти се судриле на патека на „Партизанска“, едниот е тешко повреден

велосипеди
Велосипеди, Фото: Архива

Во судир на велосипедска патека на скопскиот булевар „Партизански одреди“ вчеравечер, повредени се двајца велосипедисти, од Битола и од Богданци, соопшти полицијата.

„Вчеравечер вo 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека од булеварот „Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу два велосипеда, управувани од 32-годишниот П.В. од Битола и 39-годишниот К.П.И. од Богданци. По несреќата, двајцата биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, каде на К.П.И. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на П.В. телесни повреди“, пишува во полицискиот билтен.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот