Двајца пешаци задобија тешки повреди во две сообраќајки

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Вчера околу 11.30 часот во скопската полиција е пријавено дека во населба Илинден, возило „хонда” управувано од Т.Г.(84) од село Марино, скопско удрило во Р.С.(81) од населба Илинден. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Истиот ден околу 18 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Никола Тесла” во Куманово, патничко моторно возило „ауди” со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(19) од Куманово, удрило во В.Ц.(51) од Куманово. Во несреќата В.Ц. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница во Куманово.

Две сообраќајки каде учесниците се пресметале меѓу себе со тупаници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот