Две сообраќајки каде учесниците се пресметале меѓу себе со тупаници

Сообраќајна незгода
Сообраќајна незгода /Фото: МИА

Рано утрово во 03,00 часот во Полициска станица Гази Баба Д.Т.(31) пријавил дека на подрачје на Гази Баба по претходно случена сообраќајна незгода бил физички нападнат од три лица кои бил во возило „Голф 3″. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сличен настан се случил и вчера во 15.30 часот во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар се лишени од слобода А.П.(51) и Х.П.(48) двајцата од Гостивар затоа што околу 12,40 часот во Гостивар во близина на бензинска пумпа додека А.П. управувал патничко  моторно возило „мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки, во кое бил и Х.П., го удриле со возилото С.А.(56) од с.Дебреше со кого и претходно имале недоразбирање а потоа излегле од возилото и физички го нападнале.

По настанот С.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мјака Тереза” за укажување лекарска помош. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот