Двајца мажи од Замбија сакале со клетви и „црна магија“ да го убијат претседателот, завршија во затвор
Двајца мажи се осудени во Замбија за планирање со вештерство да го убијат претседателот Хакаине Хичилема, пренесува Гардијан.
Препорачано
Леонард Фири, поглавар на селото, и Јастен Мабулесе Кандунде, граѓанин на Мозамбик, беа уапсени во декември откако чистач пријавил дека слуша чудни звуци. Властите соопштија дека кај нив е пронајден жив камелеон и други „разни амајлии“, вклучувајќи црвена ткаенина, неидентификуван бел прав и опашка од животно.
„Мотивот на злосторството бил убиство на шефот на државата“, изјави судијата Фине Мајамбу во својата пресуда пред судот во Лусака. „Осудените не биле само непријатели на шефот на државата, туку и на сите жители на Замбија.“
Мажите беа осудени на две години затвор со тешка физичка работа.
Обвинителството соопшти дека тие биле ангажирани од братот на опозицискиот пратеник Емануел „Џеј Џеј“ Банда, кој се соочува со судење за грабеж, обид за убиство и бегство од притвор.
Пресудата, според британскиот закон од колонијалната ера што го криминализира таканареченото вештерство, доаѓа во време кога Хичилема се соочува со растечки критики за репресија врз слободата на говорот и политичката опозиција.


