Дутерте со порака до граѓаните: Вакцина или затвор, вие изберете

Родриго Дутерте / Фото: Архива на Слободен Печат

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска се закани со затвор за оние кои одбиваат да примат вакцина против вирусот корона.

„Вие избирате, вакцината или ќе ве испратиме во затвор“, рече Дутерте во телевизиско обраќање, по извештаите за слаб одговор на вакцинацијата на повеќе локации во главниот град Манила.

Неговата изјава е во спротивност со претходните пораки на здравствените власти дека вакцинацијата е доброволна, иако е охрабрена, пренесува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот