Дури и форензичарите се шокирани од она што го најдоа во „куќата на ужасите“: Пропеаја луѓето на Неволја, најмалку пет лица биле убиени во тајната просторија

Индустриската машина за мелење месо, која беше пронајдена во тајната просторија на викенд куќата на Вејко Беливук и Марко Мијковиќ во Ритопек, беше пренесена во форензичкиот центар на Министерството за внатрешни работи на Србија за понатамошна анализа.

Форензичарите веќе пронајдоа траги кои укажуваат на тоа дека биле извршени егзекуции и трагите биле отстранети во еден вид бункер скриен под земја.

Постои основано сомнение дека опремата била користена за монструозно отстранување на делови од телото на убиените противници на озлогласениот криминален тим Беливук и Мијковиќ, чиј вистински водач е Радоје Звицер, еден од наводните водачи на кланот Кавач.

Полицијата пронајде докази дека најмалку пет мажи биле убиени во вилата.

– Она што го најдовме внатре не шокираше. Трагите укажуваат на ужасните методи на тортура што ги користеле Беливук и Мијковиќ и нивните соработници против киднапираните ривали – наведува изворот од истрагата.

Во таа тајна просторија биле извршени ликвидации, а покрај споменатата машина, биле пронајдени и неколку пиштоли, автоматски пушки, снајперска пушка и поголема количина муниција. Сето тоа беше испратено на вештачење. Се сомнева дека со тоа оружје се убиени луѓе во Белград и пошироко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот