Дука за Дебар: Состојбата е постабилна, но тоа не значи дека немаме нови инфицирани

-Дебар на 13 март беше прогласан како кризно подрачје. Вирусот беше импортиран од Италија. Луѓето ги почитуваат мерките од Владата, добро ги знаат опасностите од вирусот, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Хекуран Дука, градоначалник на Дебар.

Тој објасни колку случаи се регистрирани, колку починати и колку има излечени лица.

-Штабот за кризи редовно ги известува граѓаните. Имаме 47 случаи од кои 4 се смртни. Од друга страна имаме и осум излечени. Се на се имаме 148 лица во домашна изолација и веќе трет ден немаме позитивни случаеви. Сметам дека состојбата е постабилна, но тоа не значи дека немаме нови инфицирани, вели Дука.

Аптеките и маркетите се снабдени, но не може да се претпостави до кога ќе трае кризата.

-Никој не може да претпостави до кога ќе трае кризава. Однесувањето на КОВИД-19 е многу чудно и во исто време интелигетно. Затоа не би знаел до кога ќе трае оваа ситуација со епидемијата.

Имаме редовна координација со сите органи. Нашите барања воглавно се реализираат и кај нас маркетите, аптеките се снабдени. Има минимално движење и заедно со граѓаните ќе го совладаме сето ова, изјави Дука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот