ДУИ прогласи победа на изборите за градоначалник во Дебар

Прослава во изборниот штаб на ДУИ во Дебар / 14 ноември 2021 / фото: Фејсбук

ДУИ вечерва прогласи победа во Дебар во вториот круг од локалните избори што со одложување се одржа во оваа општина.

Во и пред изборниот штаб на огранокот на ДУИ се слави, со сирени од автомобили, со огномет и зурли и тапани.

Пред насобраните се обрати шефот на Изборниот штаб Артин Спахиу, кој рече дека тие се партија која се грижи за сите, чии цели се НАТО и ЕУ а на македонски се заблагодари и за „ безрезервната подршка на СДСМ”.

Кусо се обрати и министерот за економија Крешник Бектеши, кој рече дека Дебар и дебрани секогаш знаеле да го изберат она што е најдобро за нив и вети продолжување на подршката од централната власт.

-Драги и почитувани мои сограѓани од срце ви благодарам за подршката што ми ја дадовте и во следните четири години да бидат на чело на општината. Верувам во Бога и во Вас и заедно општината ќе ја направиме подобро место, онака како што заслужува Дебар. Како и до сега и во иднина ќе бидам градоначалник на сите, независно од национална, верска, партиска или било каква припадност. Сега ве повикувам да прославиме, достоинствено без никакви провокации на плоштадот Скендербег, а од утре да ги засукаме ракавите и ќе работите во оставрување на ветеното, рече Дука во, како што самиот го нарече повеќе од емотивно обраќање.

Тој беше градоначалник и во изминатите две и пол години, кога дебрани му ја дадоа довербата на вонредните локални избори на 21 април 2019 година, кои беа спроведени по смртта на Ружди Љата, кој почина во ноември 2018 година по кусо и тешко боледување.

Дука по занимање е лекар специјалист-уролог, вработен во општата болница со прошрена дејност во Дебар, оженет е и е татко на три деца.

Тој го победи Беким Поцеста од коалицијата Алтернатива/Алијанса за Албанците.

Во Дебар денеска се одржа вториот круг од гласањето, бидејќи и по повтореното гласање ниту еден од кандидатите не обезбеди потребен процент од вкупниот број од излезените граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот