ДУИ оставија вреќи со ѓубре пред зградата на Општина Тетово, „ветивте дека Тетово ќе го направите Дубаи, но градот е една голема депонија“

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Членови на ДУИ, меѓу кои и советниците од оваа партија при Советот на Општина Тетово оставија вреќи преполни со комунален смет како што рекоа, за да го изразат својот револт од валканиот град и преполните контејнери.

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

„За да им покажеме со што се соочуваат граѓаните секојдневно денеска пред општината поставуваме вреќи за ѓубре за да ги потсетиме колку е загаден градот. Фокусот на кланот на урбаната мафија што ја води Општина Тетово е на милионски тендери и згради, а не на граѓаните. Депониите што се создадени во секое маало претставуваат сериозна закана за животот на граѓаните. Отпадот кој почна да мириса е знак дека во овие депонии кои се создадени во секое маало во Тетово има бактерии и микроорганизми кои се многу опасни по здравјето на граѓаните, а особено за нашите деца.Веќе ветивте дека ќе го направите Тетово Дубаи, но всушност го направивте Русино и голема депонија“, рече Лиридон Диша, советник од ДУИ во советот на Општина Тетово.

Општина Тетово минатата година склучи договор со словенечка компанија за менаџирање со сметот во Тетово односно собирање и транспортирање на комуналниот отпад на дневна основа. Во договорот стои дека странската компанија ќе има обрска да ги задржи сите комунални работници, да ги плаќа редовно, но и да обезбеди нови камиони и контејнери за отпад.

Првата најава беше дека компанијата ќе започне да стартува на терен со работа од 1 декември 2023 година, но официјалниот почеток беше презакажан за 1 јануари годинава. Но, сега последната најава на градските власти е дека менаџирањето со сметот словенечката компанија со сигурност ќе го презема од 1 февруари.

Тетовскиот градоначалник, Биљал Касами минатата недела ја посети австриско-словенечката компанија која треба да го презема стопанисувањето со сметот во Тетово од каде изрази верување дека ќе има рециклирање на смет.

Сагата на тетовските комуналци: Останав без интервенција на трансфузиологија, а лековите за аритмија ги купувам приватно оти немам осигурување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот