Словенечката компанија ќе започне со менаџирање на сметот во Тетово од 1 јануари, уверуваат општинските власти

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами уверува дека од 1 јануари словенечката компанија ќе започне со менаџирање на сметот во Тетово.

Според него веќе е започната процедурата за преземање на вработените, а на утрешната седница на Советот ќе се промени и статутот на ЈКП Тетово.

„Треба да се земат некои дозволи од Министерството за животна средина и од 1 јануари ќе започне официјално да започне да работи словенечката компанија. Со тоа вработените ќе ги земаат редовно платите. Најпрвин треба да се стабилизира претпријатието, па потоа ќе ги исплатиме заостанатите плати. Можеби една плата општината ќе плати, а другата заостаната плата ќе ја плати можеби словенечката компанија, рече градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами.

Инаку по штрајкот кој вработените на Јавното комунално претпријатие Тетово го одржаа минатиот месец, а на кој побараа да има се исплатат заостанатите плати, општината одлучи да им пушти на сметка само една плата.

Но, се уште како што велат тетовските комуналци не им се исплатени платите за три месеци. Поради ваквите доцнења на платите со години, тие се без здравствено осигурување, а претежно се работи за болни и постари луѓи кои работаат на минусни температури и во многу лоши услови.

Сагата на тетовските комуналци: Останав без интервенција на трансфузиологија, а лековите за аритмија ги купувам приватно оти немам осигурување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот