ДС реагира: Амнестијата на функционерите широко ја отвори вратата за криминал
Демократскиот сојуз цени дека измените на Кривичниот законик со кои се намалува висината на казните затвор за злоупотреба на службената положба и за злосторничко здружение, како и целосната декриминализација на јавните набавки кога е оштетена државата, широко ги отвораат вратите за натамошна криминализација и го промовираат принципот на легализација на високата корупција од носители на власта.
Притоа ДС укажува на неколку клучни елементи:
-Прво, донесувањето на законот се одвиваше во скратена постапка без поширока парламентарна и експертска расправа, второ, постапката се водеше со европско знаменце со што се оневозможи преку амандмани, односно со филибастеринг, да се блокира усвојувањето на законот и трето, министерот за правда бил против овие измени, но Владата сепак го достави законот до Парламентот, реагира ДС.
Според оваа партија образложенијата што ги даваат премиерот и платени експерти, дека ќе се ефектуирала конфискацијата на имотот на функционерите криминалци, посебно проширената конфискација, дека повеќемина ќе одговараат итн. воопшто не држат.
-Криминалците од власта најголем дел од украдените буџетски пари ги префрлаат на странски сметки во даночни рајеви, кои се недостижни за правдата, а сомнителниот имот во Македонија го регистрираат на туѓо име. Сосема е извесно дека ова е брутален напад врз владеењето на правото и правдата. Со овие змени се амнестираат од кривична одговорност актуелните функционери, но ќе ги користат и тие што веќе се осудени за ваков вид кривични дела, нагласува ДС.
Според Демократскиот сојиз поцелисходно е да се направи амнестија на тие што веќе се на издржување на затворска казна во врска со настаните од 27 април 2017 година, со што ќе се корегира неправдата.
-Тогашната амнестија беше селективна и во функција на уставните измени поврзани со имплементацијата на Преспанскиот договор. Криминалот ги разгради институциите и полека но сигурно ја загрозува државата. Криминално водство на државата не може да биде кредибилен фактор пред странците ,а уште помалку да ги штити националните и државните интереси, смета партијата на Павле Трајанов.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
12мин
-
23мин
-
31мин
-
36мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


