Државните казни ќе ги „изгорат“ непослушните фурнаџии: Кој продава леб поскапо, ќе плати и до 10.000 евра

Фото- Архива : Слободен печат

Државниот пазарен инспекторат соопшти дека инспекторите се постојано на терен и ги контролираат пекарниците за тоа дали ја почитуваат владината одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб.

Во изминатите два дена, според ДПИ, проверени се над 460 фирми, а забележано е дека цената на белиот леб се движи од 25 до 33 денари. Дури на некои места, леб со поголема грамажа од предвидената во Одлуката се продава по 33 денари. Генерално се почитува владината Одлука за замрзнување на цената на лебот до 33 денари, но имаше и такви трговци кои ја прекршиле оваа Одлука, за што досега се изречени казни во висина од над 300.000 денари.

Пазарниот инспекторат ќе утврдува и која е минималната количина на лебот што ја опфаќаат Одлуките на Владата, која на дневна основа мора да се набавува и продава од страна на трговците.

Ако се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија, од ДПИ потсетуваат дека казните се високи и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на компанијата.

Затоа, апелираме да се почитуваат Одлуките, а ние како институција постојано сме на терен, постапуваме по Одлуките и останатите наши надлежности“, велат од ДПИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот