Дрес на Зидан од Мундијалот во 1998 година продаден за 108.000 долари

EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Еден од дресовите направени за францускиот репрезентативец Зинедин Зидан и кои беа предвидени со нив да настапи на финалето на Светското првенство 1998 година, е продаден за повеќе од 100.000 долари на аукција во Лос Анџелес, објави аукциската куќа Џулиен аукшнс.

Аукцијата беше одржана изминатиот викенд во Беверли Хилс преку интернет, а дресот на Зидан е продаден за 108.800 долари, пренесува француски „Монд“.
Автентичноста на дресот на Зидан ја потврдија и ФИФА и производителот Адидас, но аукциската куќа не знаеше дали Зидан во финалето во кое неговата Франција со 3:0 го совлада Бразил, го носеше токму тој дрес. Згора на тоа, Зидан во првото полувреме постигна два гола

Во октомври 2018 година париската аукциска куќа Кото-Бегари неколку дена пред својата аукција поради сомнежи во автентичноста мораше да го повлече дресот за кој тврдеа дека Зинедин Зидан играше во финалето против Бразил.
На Светското првенство 198 годиа во Франција, „триколорите“ предводени токму од Зинедин Зидан кој беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот, за прв пат станаа светски шампиони.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот