Драмски театар ќе промовира монографија за Ристо Стефановски

Насловна корица на монографијата „Ристо Стефановски“

Светскиот ден на театарот – 27 март во НУ Драмски театар Скопје ќе се одбележи со промоција на монографијата „Ристо Стефановски“, а настанот ќе почне во 18 часот.

Промотор на монографското издание ќе биде Искра Гешоска, теоретичарка на книжевност и уметност. Актерите Александар Степанулески, Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Јована Спасиќ пред посетителите ќе прочитаат делови од книгата.

Во чест на Ристо Стефановски и неговата посветеност во развојот на театарот големата сала во Драмски театар Скопје ќе го носи името „Ристо Стефановски“.

Одбележувајќи го Светскиот ден на театарот претставите „Мојот маж“ во режија на Нела Витошевиќ, на 27 март, и „Пикник на фронтот“ во режија на Андреј Цветановски, на 4 април, за публиката ќе бидат со слободен влез со претходна најава на билетарницата на Драмски театар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот