Драма во Градски парк: Првата рунда на „вечните“ за Работнички!

Фото: kfsm.mk

Паузата како да не влијаеше премногу кај двата најтрофејни клуба во нашата земја. Не им посмета продолжениот период за почеток на новата сезона на вечните ривали, Работнички и МЗТ Скопје Аеродром.

Одиграа еден одличен меч во „Градски парк“. На крајот, на првата победа и се радуваа кошаркарите на Работнички кои во една неизвесна завршница триумфираа со резултат 94:90.

Драматично беше во самиот финиш, по техничката грешка на Гравет, домаќините се вратија во ново водство од 89:86 на нешто повеќе од една минута до крајот на средбата. Врати Олуџоби за 88:89, а по нереализираниот обид на Николиќ, Гочер го донесе МЗТ во нова минимална предност (90:89).

Фото: Момент од натпреварот КК Работнички-КК МЗТ Скопје Аеродром/kfsm.mk

И остави 34. секунди за конечно решение..Во тој краток временски период, Вашингтон погоди две слободни фрлања за нова промена на резултатот во корист на Работнички (91:90).

Гостите го имаа последниот напад, реши да го реализира Гочер, но беше фаулиран на седум секунди пред крајот. Кога беше најпотребно не ги реализираше двете слободни фрлања и му даде шанса на Питс, најдобриот поединец во дербито да му пресуди на гостинот од Аеродром. Воедно Гравет заработи и неспортска (и исклучувачка) грешка во која го остави својор тим без шанса за последен поправен обид.

Во листата најдобри стрелци кај домаќините се одвоија Питс со 29 поени (осум асистенции), Балмазовиќ со 19 поени и Вашингтон со 17 (седум скока, четири украдени топки). На спротивната страна за „штрковите“ доминираше Олуџоби со 19 поени (седум скока), додека Магдевски реализираше 17 поени (седум асистенции).

Денеска се одигра уште еден меч од првото коло во Првата лига, МЗТ Скопје Уни Банка загуби со 75:79 од Еуро Никел 2005. Претходно триумфи забележаа Куманово и Академија ФМП, а одложени се средбите Вардар-Црн Дрим Грин Мобил и Кожув-Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот