Академија ФМП го изненади Куманово на стартот од првенството

фото: Академија ФМП

Стартот на кошаркарската прва лига го одбелеќа изненадувањето кое го приреди Академија ФМП.

Кошаркарите на Александар Петровиќ со 84:75 го совладаа фаворизираниот Гостивар, додека Куманово во неизвесен натпревар го совлада ТФТ со 82:83.

Од самиот почеток на средбата домашните наметнаа свој стил на игра, брза и динамична игра во нападот и креираа многу отворени шутеви од кои поголем дел ги реализираа.

Таквата игра им донесе предност во првата четвртина од 24:15, а со одлична игра продолжија и во втората четвртина и на полувреме заминаа со 15 поени разлика (48:33).

На стартот од второто полувреме, гостиварчани почнаа да се враќаат во игра и по шест минути дојдоа до едноцифрена негатива (47:56), но не успеаја да го намалат водството на домашниот тим.

Во последната четвртина домашните кошаркари умешно ја одржуваа предноста и на крајот сосема заслужено славеа со 84:75.
Крстајиќ беше одличен кај победничкиот тим со 23 поени, 18 поени даде Херис, додека во редовите на Гостивар се истакна Армстед со 19 поени и седум асистенции.
Екипата на Куманово благодарение на Горјан Марковски кој ги реализираше слободните фрлања во последните моменти од натпреварот дојде до победата над ТФТ со 83:82. Домашниот тим го имаше последниот напад, но Митревски направи почетничка грешка, наместо да шутира за три поени, влезе во рекетор и со положување постигна само два поени. Андрејевиќ постигна 16 кај Куманово каде се истакна и Стојановски со 15 поени додека кај домашниот тим Андерсон беше најпрецизен со 20 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот