Драма на Бит Пазар: Возач удрил малолетник па го тепал и него и мајката

Фото: МВР

Во петокот во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор пред авто школа на подрачјето на Бит Пазар, откако со возило бил удрен малолетник од Скопје, возачот од возилото физички го нападнал.

Потоа, според пријавеното, откако малолетникот се пожалил на неговата мајка Ѓ.Ј.(39) од Скопје, таа дошла и од службена просторија на авто школата била истуркана надвор и физички била нападната од истото лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот