Доживотен затвор за убиецот од пеколниот Тиндер-состанок: „Грејс умре преплашена и сама“ (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Момчето осудено за убиството на британската туристка Грејс Милејн на Нов Зеланд ќе мора да помине најмалку 17 години зад решетки. Нему на рочиштето му се обрати и мајката на брутално убиената Грејс.

На Џеси Кемпсон (28) му е изречена доживотна казна за бруталното дело, а судијата Симон Мур ја отфрли молбата на неговите адвокати да му се дозволи условна слобода по 12 години зад решетки.

Кемпсон минатиот ноември е прогласен за виновен за убисство, откако ја задавил Грејс за време на сексуални односи. Потоа го фотографирал нејзиното тело, ја ставил во куфер и ја исфрлил во една шума, пренесува „Дејли меил.“

Кемпсон твдеше дека тој случајно ја убил Грејс за време на сексуална игра која изглегла од нормалните граници.

– Ти си голем и силен, а таа е послаба од тебе. Си бил во позиција на потполна физичка доминација. Таа ти верувала – му рекол судијата.

Грејс Милејн (21) од Есекс го запознала Кемпсон преку апликацијата за состаноци Тиндер, а потоа отишле во неговиот стан каде имале односи.

За време на изрекувањето на казната, судијата рекол дека нападот на девојката не бил планиран ниту пак воден од бес, но дека нема сомнение оти Грејс била во ранлива позиција.

Тој ги коментирал и фотографиите кои ги направил Кемпсон, а на кои се наоѓа телото на Грејс. Судијата истакнал дека таквата постапка покажува недостаток на емпатија.

Кемпсон на судењето носел темно одело, излегол во тишина и покажал само малку емоции додека го воделе да ја започне затворската казна.

За време на рочиштето, пред судот со видео-линк се обратила и мајката на жртвата, Жилијан Милејн. Таа истакнала дека нејзината ќерка ѝ била најдобриот пријател и дека убиецот ѝ ја одземал нејзината иднина. Се потсетила на моментите кога Грејс исчезнала и дека тоа што не знаела каде е таа ѝ претставувало огромна мачна болка.

Жилиен Милејн прочитала изјава, а убиецот мирно ги слушал зборовите на мајката на убиената девојка.

– Почувствува терор и болка од твоите странски раце, би направила се за да можам да се заменам со неа. Умре исплашена и сама во собата со тебе – рекла таа.

„Солзите кои ги плачам никогаш нема да запрат, токму поради помислата дека никогаш нема да можам да ја бакнам мојата Грејс“, додава мајката.

Џеси Кемпсон на судењето минатата година зборуваше дека Грејс случајно умрела за време на груб сексуален однос, и дека го охрабрувала бидејќи била обожавателка на груби сексуални чинови.

Семејството истакна дека е задоволно од пресудата која е изречена на убиецот на нивната ќерка.

Судот во Нов Зеланд одлучи: Девојката која уживаше во „груби сексуални игри“ намерно е убиена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот