„Доживеав чудо“: Шенон Доерти сподели новости за тешката борба со ракот

Фото: Инстаграм/Шенон Доерти

Американската актерка Шенон Доерти (52), која стекна светска популарност со улогата во телевизиската серија „Беверли Хилс, 90210“ („Beverly Hills, 90210“), води повеќегодишна борба со ракот на дојка.

И покрај тешката дијагноза, Доерти не го губи духот и од ноември минатата година го снима  поткастот „Да бидеме на чисто“ („Let’s Be Clear“). Во последната епизода, која беше објавена вчера, актерката го гостуваше нејзиниот онколог д-р Амин Мирхади.

Во разговорот со д-р Мирхади, таа сподели дека новите резултати од неодамнешното лекување ѝ дале надеж за иднината.

„Нема да кажам за што станува збор, но јас сум на нова инфуција. По четири третмани, никој не виде разлика и сакаа да ми ја сменат терапијата, но јас реков: ‘Ќе се задржиме на ова и ќе видиме’. По шест или седум третмани, воочивме дека ја урива крвно-мозочната бариера“, додаде таа.

Фото: Инстаграм/Шенон Доерти

Доерти рече дека реакцијата на нејзиното тело на новиот третман е „чудо“.

„За мене сега е чудо. Фактот што ги фрлив коцките и реков: ‘Одиме понатаму’. Фактот дека ја руши крвно-мозочната бариера е, всушност, чудо на лекот. Чудото е, можеби, Божја интервенција и порака: ‘Ќе ја опуштам’“, рече Доерти.

„Понекогаш барате чуда на погрешни места, а тие се пред вас“, додаде актерката.

Фото: Инстаграм/Шенон Доерти

Да потсетиме, Доерти води битка со рак на дојката во четврти стадиум. Првпат ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година. Таа влезе во ремисија две години подоцна, но во 2020 година откри дека нејзиниот рак повторно ѝ се вратил.

Минатата година актерката откри дека ракот метастазирал во мозокот и во коските. Иако не сака да умре, Доерти објасни дека смртта не ја плаши.

„Не сакам да умрам. Мислам дека би се исплашила до смрт ако не бев добар човек, но јас сум. Не се плашам од умирање, едноставно не сакам да умрам никогаш“, објасни таа.

„Не сум завршила со живеењето, не сум завршила со љубовта, не сум завршила со создавањето, не сум завршила со менувањето на работите на подобро. Не сум готова. Моите најдобри спомени допрва доаѓаат“, додаде Доерти.

Шенон Доерти: Дознав дека маж ми ме изневерува пред да одам на операција за тумор на мозокот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот