Лука Дончиќ/Los Angeles Lakers

Дончиќ нема да се врати како што беше планирано, Лејкерси во проблеми

Словенечката НБА ѕвезда Лука Дончиќ се очекува да се врати на терените на 1 мај, пренесува „ЕСПН“, што значи дека ќе ги пропушти првите натпревари од плејоф серијата против Хјустон рокетс.

Според најавите, Дончиќ нема да биде во составот за дуелите што се играат од 19 до 25 април, а првичните прогнози беа дека би можел да се врати веќе за четвртиот натпревар. Сепак, најновите информации укажуваат дека неговото враќање е пореално да се случи дури во евентуалниот шести меч, доколку серијата стигне до таму.

Во меѓувреме, Лејкерси се соочуваат со сериозни кадровски проблеми, бидејќи покрај Дончиќ, надвор од терените е и Остин Ривс, кој исто така се очекува да се врати на почетокот на мај.

Отсуството на двајцата клучни играчи сериозно ги комплицира плановите на Лејкерси во разигрувањето, оставајќи го тимот во незавидна позиција во обидот да избори поволен резултат во серијата.

ВИДЕО | Дончиќ и Ѓоковиќ вчера заедно ја гледаа Звезда против Реал Мадрид

НБА: Дончиќ и Јокиќ лидери во најсилната кошаркарска лига на светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот