Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Дончиќ без милост против Далас, Јокиќ и Денвер немоќни против Сан Антонио

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја завршија групната фаза од НБА купот со максимален скор од четири победи без пораз, откако на домашен терен славеа против Далас Маверикс со 129-119.

Лука Дончиќ имаше нова фантастична партија, овојпат против својот поранешен тим, постигнувајќи 35 поени, со четири скока и 11 асистенции. Одлична вечер имаше и Остин Ривс, кој заврши со 38 поени. Кај поразените, Пи Џеј Вашингтон уфрли 22 поени.

Во другиот интересен меч, Денвер Нагетс изгуби од Сан Антонио Спурс на домашен терен со 136-139. Диарон Фокс беше најдобар кај победниците со 35 поени, додека Никола Јокиќ постигна 21 поен, девет скока и 10 асистенции.

Во останатите натпревари од синоќешната понуда, Атланта го победи Кливленд со 130-123, Бруклин загуби од Филаделфија со 103-115, а Шарлот славеше против Чикаго со 123-116. Орландо беше подобар од Детроит со 112-109, Индијана го декласираше Бруклин со 119-86, Њујорк победи противМилвоки со 118-109, Оклахома го победи Феникс со 123-119, Јута го совлада Сакраменто со 128-119, додека Мемфис славеше против ЛА Клиперс со 112-107.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот