Дончиќ одличен во дербито на Западот! (ВИДЕО)

фото: твитер

Словенецот уште од стартот на натпреварот по ефикасност се одвои како прв стрелец на Маверикси со 35 поени, осум скокови и седум асистенции.

Далас го надигра Портланд со 120:112 во дербито на Западот со уште една одлична партија на Лука Дончиќ кој повторно заврши меч како најефикасен играч.

Уште од стартот на натпреварот Лука Дончиќ по ефикасност се одвои како прв стрелец на Маверикси со 35 поени, осум скокови и седум асистенции.

На спротивната страна за Блејзерси се истакна Демијан Лилард кој имаше 34 поени и 10 асистенции, но не доволно да се спречи поразот.

Словенечкиот интернационалец Дончиќ беше следен од Тим Хардавеј кој средбата ја заврши со 29 поени.

НБА, резултати –

Индијана – Минесота 116:114
Филаделфија – Чикаго 100:89
Торонто – Вашингтон 140:111
Мемфис – Кливленд 113:109
Оклахома – Мајами 108:115
Сан Антонио – Атланта 120:121
Далас – Портланд 120:112

Во Западната конференција првопласиран е моментно Лос Анџелес Лејкерс со 29 победи и 12 порази, додека Далас е на шестото место (27-15).

На Истокот доминира екипата на Милвоки Бакс (37-6), пред Бостон Селтикс (27-13).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот