Доминација на Ферари во Сингапур

фото: f1.com

Формула 1 тимот на Ферари дојде до третата победа по ред во овогодинешниот шампионат. На трката за Големата награда на Сингапур, триумфираше Себастијан Фетел, додека на второто место се пласира вториот возач на Ферари, Шарл Леклер, кој пак триумфираше на претходните две трки.

Фетел денеска ја оствари 54. победа во кариерата, а вкупно петта во Сингапур, кој има и четири шампионски титули.

Трката во Сингапур ја одбележа токму дуелот на двоецот од Ферари, а Фетел до победата дојде откако тимските шефови одлучија Леклер прв да влезе во боксот но и подолго ги менуваше гумите. Фетел голема помош имаше и од безбедносното возило кое дури три пати излегуваше на патеката со што му помогна на Германецот да ги сочува гумите и на тој начин да ги одбие нападите на младиот тимски колега.

Со победата која е прва за Фетел сезонава, се искачи на третото место во генералниот пласман на возачи, двоецот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас кои трката ја завршија на четвртото и петтото место.

На третото место се пласира Макс Ферстапен од Ред Бул, додека возачот на Мерцедес, Валтери Ботас заврши како петти. Пласманот во топ 10 го комплетираа Александар Албон, Ландо Норис, Пјер Гасли, Нико Хулкенберг и Антонио Џовинаци.

Следната трка од Ф1 шампионатот ќе се вози за седум дена и тоа во Сочи за Големата награда на Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот