Домаќинки, како да заштедите пари: 14 трикови за продолжување на векот на намирниците

Unsplash
Unsplash

Цените на храната поскапуваат од ден во ден. За да заштедите во домашниот буџет, треба да научите неколку трикови. Ако се придржувате до следниве совети, храната ќе ви трае подолго и на тој начин двојно ќе заштедите.

1. Продолжете на векот на кромидот и лукот – чувајте ги во хартиени ќеси со дупчиња. Ќе бидат свежи и цврсти три месеци по купувањето.

2. Чувајте ги јаболките блиску до компирите за да ги спречите да изртат.

3. Печурките чувајте ги во хартиено ќесе, а не во најлонско или во пластичен сад.

4. Млекото чувајте го во средината на фрижидерот, а не на вратите, затоа што на таа температура побрзо ќе се расипе.

5. Јајцата чувајте ги на средната полица на фрижидерот за да траат 3-4 недели подолго отколку назначениот рок на траење.

6. Замрзнувајте го лебот. Со замрзнување на храната го продолжувате траењето на многу производи, вклучувајќи го и лебот (пред да го замрзнете ставете го во ќесе). Доколку сакате да ја продолжите свежината на лебот доволно е да ставите стебленце целер во ќесето со леб.

7. Во фрижидерот, старата храна ставете ја пред свежата, за да ви биде на дофат и прво неа да ја изедете.

8. Доматите чувајте ги на собна температура, а не во фрижидер. Ставете ги измиените домати во чинија обложена со крпа така што секоја петелка треба да биде од горната страна. Оставете ја чинијата на собна температура, избегнувајќи сонце и топлина. Фрижидерот го уништува природниот вкус на доматот и ја менува неговата текстура, без оглед на тоа што го одложува неговото скапување. Доматите на собна температура можат да останат свежи максимум два-три дена, затоа немојте да купувате поголема количина.

9. Завиткајте ги врвовите на бананата во фолија и така тие ќе траат 3 до 5 дена подолго. Или пак, разделете ги бананите – подолго ќе траат и побавно ќе потемнуваат.

10. Кога го сечете кашкавалот не го допирајте со прстите. Бактериите од вашите раце ќе го забрзат развојот на мувлата, па кашкавалот пократко ќе биде свеж. Затоа, секој пат кога го сечете кашкавалот, држете ја раката преку самолеплива фолија.

11. Чувајте ги житарките во фрижидерот за подолго да бидат свежи и за да го спречите нивното ртење и пропаѓање.

12. Сирењето држете го во картонска кутија или заедно со салатата. Пред да го ставите сирењето во фрижидерот, извадете го од пакувањето, обвиткајте го во хартија и покријте го со пластично ќесе. Потоа ставете го во мала картонска кутија, или оставете го во истата фиока каде што ви стои салатата. Во секое сирење се наоѓаат здрави бактерии, на кои им е потребна влажност и кислород за да опстанат. Доколку на овој начин го чувате сирењето, тие подолго на него ќе се задржат, па така и сирењето подолго ќе остане без мувла.

13. Ставете ги компирот и кромидот во две различни ќеси и обрнете внимание да не бидат сосема затворени. Држете ги одвоени на темно и студено место, на кое температурата е помеѓу седум и 12 степени. Кога кромидот и компирот се чуваат во ист сад или ќесе, меѓу нив доаѓа до хемиска реакција, па така побрзо се расипуваат.

14. Оцетот е многу добар за зачувување на свежината на зрнестото овошје. Измијте го овошјето со три чаши вода и една чаша оцет, па повторно измијте го и оставете да се исуши. Потоа ставете го овошјето во сад обложен со крпа и затворете го, но задолжително оставете го капакот малку отворен, за да испари влагата од садот. Оцетната киселина од оцетот ќе ги убие непотребните бактерии и ќе ја одржи свежината на овошјето со денови, а можеби и со недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот