ДОМ ќе ја поддржи реконструкцијата на Владата, но има одредени услови

Фото: ДОМ

Централниот одбор на Демократската обнова на Македонија (ДОМ) на денешната седница донесе одлука партијата да ја поддржи предложената реконструкција на Владата, како што велат, во интерес на македонските евроинтеграциски процеси.

Но, од партијата наведуваат дека поддршката не е безусловна.

-Услов за поддршката на Владата и на парламентарното мнозинство е во првите 100 дена да започне процесот на ветинг и да се спроведе конфискација на нелегално стекнатиот имот заради ефикасна борба против корупцијата, да продолжи собраниската процедура за измени на Изборниот законик за една изборна единица, отворени листи и 50 отсто жени на листите и да се интензивира користењето на обновливи извори на енергија преку формирање на енергетски задруги, за граѓаните да станат производители на електрична енергија, како и формирање Фонд за енергетска ефикасност, информираат од ДОМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот