Плакат за изложбата во Кочани

Документарна приказна за македонската рок-сцена носи изложбата „Бучава што создава идентитет“

Во просториите на НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани од 21 ноември е поставена ретроспективната изложба „Бучава што создава идентитет“, посветена на 60 години македонска рок-култура, музика и поезија (1963–2023).

Изложбата претставува визуелна и документарна приказна за развојот на македонската рок-сцена, преку внимателно одбрани фотографии од легендарни бендови, портрети на нивните фронтмени, како и уникатни рачно испишани текстови на песни – автентични документи кои ја носат енергијата, естетиката и духот на различните генерации што ја градеа оваа музичка традиција.

Сите фотографии се поставени на канвас, а текстовите на песните се презентирани во нивната оригинална форма – како што биле напишани од музичарите, фотокопирани но и оригинални исписи ставени во рамки. Овој дијалог помеѓу слика, звук и збор овозможува ретко и интимно доживување на културниот развој на македонската рок сцена.

– „Бучава што создава идентитет“ не е само изложба – таа е потсетник на богатото творештво што низ децении го обликуваше современиот македонски културен пејзаж. Изложбата е дел од пошироките активности за зачувување и валоризација на македонското музичко наследство – истакнуваат организаторите.

Со поддршка на Министерството за култура и туризам и НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани, организатори на изложбата се „Корпус Деликти Рекордс“ и Македонски рок-музеј, архив и библиотека.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 308, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 22-23.11.2025)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот