Документарен филм во служба на локалните заедници за спречување на насилен екстремизам

Вилма Венковска Милчев, претседател на ЦЗО

Центарот за заедничка основа (ЦЗО) во соработка со Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам на 12 март во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје организираше премиерна проекција на документарниот филм „Скршени синџири: враќање по ИСИС“.

Филмот се базира на вистински приказни на две жени и нивните деца кои се вратиле од Сирија и Ирак, поминувајќи низ тешки предизвици на издржливост и одлучност. Со помош на државата вратени се во татковината и успешно се реинтегрирaни во своите локални заедници.

Воведни зборови за проектот и за проекцијата на документарниот филм имаа Вилма Венковска Милчев, претседател на ЦЗО, и Златко Апостолоски, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.

Филмот е направен во рамките на проектот „Градење отпорни и инклузивни заедници“, финансиран од Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедниците (GCERF).

Главната цел на проектот е да се изградат отпорни локални заедници против насилниот екстремизам и радикализација, преку градење на капацитети и поддршка на заедниците и ранливите групи во процесот на превенција/ борба против насилниот екстремизам, како и реинтеграција и рехабилитација на повратниците и нивните семејства.

Со цел да се заштити идентитетот на вистинските протагонисти, во филмот играат актерки. Режисерка на филмот е Сибел Абдиу, а реализиран е од „Машина продукција“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 222, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 16-17.3.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот