Доктор од Прилеп: Како да ви го објасниме процесот на имунизација кој се учи три години во пет минути?
Дали јас и моите колеги и моите професори, можеме да го објасниме процесот на имунизација во 3-5 минути на човек кој нема основни познавања од медицината?Дали може да ви се објасни процес, којшто се учи три години, во 5 минути? Ако медицината беше едноставна како што ја замислувате, тогаш немаше да биде човекот толку совршен,објави на својот фејсбук профил прилепскиопт доктор Петар Кузмановски.
-Па, еве ден пред моето враќање со работа во модуларната болница добив потреба, после повеќе од година, да напишам нешто јавно… Не дека досега чував некоја државна тајна, едноставно немав потреба јавно да се испразнам.
Некни купував LED плафонерки и касиерката ми објаснуваше како се поставува истата.
“Нема потреба да ми објаснувате, мајсторот што ќе ги мести знае.” и одговорив. И додека ги местевме со мајсторот, тој ми даде инструкции да ја исклучам струјата, па ми кажуваше каде се спојувале фаза со нула…. И вака јас бледо го гледав со сите тие собрани информации без ништо да ми значат, ама на крајот на работата, истата светеше.
Задоволен од сработеното, еве уште си живеам без да знам што е фаза, што е нула и зошто ја гаснев струјата дури работеше. Претпоставувам за да не го удри струја, ама верувај, еве сум уште среќен и весел без да знам шо точно тој сработи. И така низ муабет ме праша како е на работа, а јас му реков искрено не сакам да разговарам. Не дека сум безобразен, туку ми беше страв дека ќе сака да му објаснам како делува вакцината, а тој нема познавања од медицината и немам доволно време во тие 10тина минути да му објаснам, како што тој нема доволно време во истите 10тина минути да ми објасни струјно коло. Затоа си правевме муабет на други теми.
Ако медицината беше едноставна како што ја замислувате, тогаш немаше да биде човекот толку совршен.
Паметен човек исто така не можеш да го контролираш, затоа што ќе ти ги открие намерите. Ама затоа човек којшто има интелектуален капацитет, но поради околностите на животот, не го искористил максимално, па сега има читнато, ама нема дочитано… Него ќе го контролираш… Затоа што ќе му ги потполниш недостатоците во неговото познавање со тоа што ти сакаш да манипулираш. И така… теории на заговор.
Утре ќе се вратам во модуларната болница и ќе продолжам да ја работам работата што ја сакам, на која што сум посветил 10+ години, заснована на наука.