Доколку властите одобрат, навивачите од септември повторно на стадионите?

фото: твитер

Екипите кои се натпреваруваат во Бундеслигата би сакале да им овозможат на навивачите да се вратат на стадионите од почетокот на новата сезона на 18 септември.

На состанокот кој се одржа во вторникот, клубовите изразија желба на навивачите да им се дозволи да присуствуваат на натпреварите од стартот на натпреварувачката сезона 2020/2021. Во извештаите не е наведено колку луѓе би можеле да присуствуваат на трибините од следниот месец.

На гостинските навивачи и натаму нема да им биде дозволен влез на стадионите барем до крајот на 2020 година.

Оваа одлука допрва треба да биде потврдена од надлежните органи. Средба со министерот за здравство ќе се одржи следниот понеделник.

Дали и кога навивачите ќе се вратат на стадионите не е одлука што ние ја донесуваме, туку политичките власти. Не можеме да бараме ништо, туку полека да работиме на тоа за да бидеме подготвени. Нема магија која ќе ни овозможи веднаш да ги наполниме трибините. Само внимателно ќе се враќаме кон нормалноста – рече Кристијан Сејферт, извршниот директор на германската фудбалска лига (ДФЛ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот