Додик: Светот замижува за смртта на 3.500 Срби во Сребреница

Милорад Додик АП Фото/Армин Дургут

„Светската заедница замижува за смртта на околу 3.500 етнички Срби во регионот на Сребреница од рацете на исламистичките сили за време на вооружениот конфликт во раните 1990-ти“, реагира Милорад Додик, претседател на Република Српска.

„Тежок факт е, и целосно игнориран од страна на силите и нашите соседи, дека 3.500 Срби загинале во злосторствата извршени од муслиманските организации на овие територии и дека никој не одговарал за овие злосторства“, рекол Додик, пренесе агенцијата Танјуг.

Сребреница е мал рударски град во источна Босна и Херцеговина. Во 1991 година, неговото население беше етнички мешано, составено од Бошњаци (словенски муслимани) и Срби. Откако Босна и Херцеговина се отцепи од Југославија во април 1992 година и Србите кои живеат во БиХ еднострано ја прогласија независната Република Српска, Сребреница стана претежно муслиманска енклава на нејзината територија, пишува ТАСС.

„Помеѓу летото 1992 година и февруари 1993 година, муслиманските милиции извршија неколку напади против Србите, вклучително и во и околу Сребреница, предизвикувајќи српски егзодус. Во март 1993 година, единиците на армијата на РС започнаа офанзива за заштита на српското население, ги потиснаа бошњачките единици и го опколија градот. На 6 јули 1995 година, трупите на Република Српска започнаа офанзива на Сребреница, а на 11 јули влегоа во градот. Откако ја зазедоа Сребреница, Србите им понудија на муслиманите евакуација. Под контрола на мировниците на ОН, сите што сакаа да го напуштат градот си заминаа, главно жени и деца, но најголемиот дел од машката популација остана. На 12 јули следеа извештаи за масакр на муслимани. Точниот број на жртви не е документиран. Списокот на исчезнатите или убиените во тоа време, што го состави босанската Федерална комисија за исчезнати лица, содржи 8.372 имиња“, пренесува ТАСС. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот