Додик повторно се закани: Повлечете ги наметнатите решенија, па ќе разговараме

Милорад Додик
Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик изјави дека другите два члена на Претседателството, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ, со состанокот со генералите на „Армијата на РБИХ“ јасно ги покажале своите намери и нервозата.

„Сфаќаат дека не можат да издржат дебата дали е нешто уставно или не. Тоа нема никаква врска со Процесите почнати во Република Српска и никој во РС не кажа дека ќе направи нешто насилно, ниту тоа се прави“, порача Додик.

Тој кажа дека е совршено јасно и разбирливо дека, како што наведе, „Нема БиХ без Срби во неа и Република Српска како составен дел“. Додаде дека на амбасадорката на Германија во БиХ Маргрет Убер ѝ кажа дека него не го обврзува ништо што го кажуваат германските функционери и дека не може да спречи воведување санкции.

„Не ме избраа мене Германците, мене ме избра мојот народ. Ако вие воведете санкции, никој од Германците нема да може да разговара со нас, со ниеден началник, со ниеден функционер од владејачката гарнитура“, кажа Додик.

Тој кажа дека имал состанок со амбасадорите на водечките пет западни земји (Квинта) и некои други и им кажал дека тие имаат мандати, по кои заминуваат, а дека „ние остануваме да живееме тука и затоа не може да ни даваат решенија“.

Додик истакна дека странците бараат безусловно враќање на претставниците на РС во парламентарното собрание на БиХ и ставање на дневниот ред на законот кој го наметна високиот претставник Валентин Инцко, а дека нема никаква понуда во таа смисла.

„Им кажавме – повлечете го решението на Инцко, па ќе разговараме. Тие не дозволуваат ништо да им се каже“, порача Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот