Добитничката на Оскар Клорис Личман почина на 94-годишна возраст

Фото: Профимедиа

Добитничката на Оскар и повеќекратната добитничка на Еми наградите Клорис Личман почина од природна смрт на 94 годишна возраст, јавува нејзината агентка.

„Ми беше чест да соработувам со Клорис, една од најуспешните актерки од нашето време. Таа имаше моќ со еден поглед да ви го скрши срцето или да ве насмее толку што солзи ќе ви потечат од радост“, изјави нејзината долгогодишна менаџерка Џулиет Грин.

Фото: Профимедиа

Клорис е добитничка на Оскар за најдобра споредна улога во филмот „Последната кино претстава“, а може да се пофали и со 8 Еми награди.

Филмскатата академија официјално се збогуваше со актерката на својот официјален Твитер профил.

Фото: Профимедиа

„Клорис Личман беше легенда на комедијата. Од нејзините улоги во шоуто „Мери Тајлер Мур“, до филмовите „Мел Брукс“ и Оскарот за уделот во „Последната кино претстава“, таа никогаш не ја загуби својата способност да шокира, воодушеви и изненади. Ќе недостасува“, пишува на нивниот официјален Твитер профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот