Доаѓа сезоната на младиот кромид – одличен заштитник на доброто здравје

unsplash

Младиот кромид содржи голем број витамини и минерали корисни за здравјето, па затоа вреди да се вклучи во вашата секојдневна исхрана.

Познато е дека младиот кромид има антибактериски својства и штити од разни воспаленија, помага при настинки, а исто така е одличен и за подобрување на варењето на храната.

Треба да имате предвид дека зелениот дел од младиот кромид никогаш не треба да се фрла, бидејќи содржи состојки кои се важни за вашето здравје.

unsplash

Посилни коски
Витамините Ц и К, со кои е богат младиот кромид, се добри за заштита на коските. Само еден кромид содржи околу 20% од препорачаната доза на витамин К и околу 2% витамин Ц. Двата витамини се важни за коскената густина и јачина. Недостаток на овие витамини ја зголемува можноста за развој на остеопороза и фрактури.

Го штити срцето

Младиот кромид е полн со антиоксиданти кои ги штитат клетките во организмот од оштетување предизвикано од слободните радикали. Покрај тоа, младиот кромид го одржува крвниот притисок во нормални граници и го намалува ризикот од формирање на тромб во крвта.

unsplash

Го намалува лошиот холестеролот
Не го фрлајте зелениот дел од младиот кромид! Покрај тоа што го намалува нивото на лош холестерол во крвта, тој помага и во регулирање на нивото на шеќер.

За поубава кожа

Младиот кромид му помага на телото да произведе колаген кој е важен за убава, здрава и тонирана кожа. Колагенот е одговорен за забавување на формирањето на брчки на лицето и се наоѓа во многу креми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот