До 17 часот заразени со Ковид 19 се 290.897, починале 11.949, а оздравеле 93.618 лица

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 290.897 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 11.949, а оздравеле 93.618 лица.

– Целосна забрана за движење во дел од Босна и Херцеговина ќе стапи во сила денеска во 20 часот, соопшти  членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, објаснувајќи дека мерката се однесува на Република Српска.

– Србија има 14 нови случаи на инфекција со коронавирус, вкупно 149.

– Експерти потврдија дека сè уште нема докази дека Ковид-19 може да се шири по сексуален пат, но повторија дека респираторните болести може да се пренесе преку близок или директен контакт со оние кои се заразени.

– Британската Влада упати апел до граѓаните да пазарат согласно нивните потреби, и да мислат и на другите кога прават непотребни залихи.

– Во Иран има повеќе смртни случаи од алкохол отколку од Ковид-19. Во делови на таа земја се проширија гласини дека алкохолот спречува зараза. Од Ковид-19 во иранската провинција Фарс  досега починаа 13 лица, а од пиење чист индустриски алкохол – 66 лица.

– Се укинува јавниот превоз во цела Хрватска, на располагање само такси службите.

– Во цела Африка има 830 случаи на заразени со Ковид-19. Ангола регистрираше први два случаи, еден во Зимбабве, а на Маурициус расте загриженоста по првиот смртен случај.

– Германската канцеларка Ангела меркел е забележана како ги купува потребните производи од супермаркет во Берлин. По пазарањето на продуктите кои ќе и требаат за текот на викендот ги платила со картичка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот