Горива бензин дизел
Илустрација: Точење гориво на бензинска станица / Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Дизелот поскапува за 3,5 денари

Доколку останеше во сила ДДВ од 18 проценти цената на бензините ќе беше повисока за 6,5 денари за литар, а дизелот за 10,5 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија.

Бензините БС-95 и БС-98 остнуваат со цени од минатиот понеделник и изнесуваат 86,5 и 88,5 денари, а дизелот поскапува за 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените важат од полноќ, односно од 00:01 часот. Во крајните цени е пресметано и намалувањето на ДДВ од 18 на 10 проценти.

„Доколку останеше во сила ДДВ од 18 проценти цената на бензините ќе беше повисока за 6,5 денари за литар, а дизелот за 10,5 денари за литар“, соопшти Регулаторната комисија.

Во „Службен весник“ во неделата е објавена Одлука за постоење кризна состојба заради можност за настанување на нарушување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија. Истиот ден премиерот Христијан Мицкоски одржа прес-конференција на која рече дека Владата донела одлука за намалување на данокот на додадена вредност од 18 на 10 проценти, затоа што новата понеделничка пресметка од страна на Регулаторната комисија на енергетика би приредила ново поголемо покачување на цените. Намаленото ДДВ треба да го смири растот на цените за 6 до 7 денари, најави премиерот. Според него, дневна заштеда на граѓаните од намалениот данок на додадена вредност е околу 200.000 евра, односно околу 1,5 милиони евра неделно треба да останат кај населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот