Дурмиши: Да се почитува деловникот за работа, Советот на Општина Тетово да не биде пазар

На денешната шеста седница на Советот на Општина Тетово, претседателот на Советот Бесарт Дурмиши, побара да се почитува деловникот за работа, во кој јасно стои дека се ограничува реплицирањето и говорите на советниците за иста точка.

„Досега за една точка се дискуираше 5 до 6 часа, маратонски седници, што не е во ред. Затоа и јас побарав од советниците да бидат конструктивни и да го почитуваат деловник за работа. Тој деловник вели дека за секоја точка, секој советник може да земе збор, но два пати и да реплицира еднаш за една точка, ако се наведе неговото име или неговата советничка група. Значи треба да се почитува деловникот да изгледаме како совет, а не како некое место во пазар “, изјави Претседателот на Советот на Општина Тетово Бесарт Дурмиши.

Советничката група на СДСМ на седницата предложи „ЈП Тетово Транспорт“ да воведе автобуски линии до Сараќино и Фалише, на што реагираа од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

„Сакам да реагирам на изјавата од советничката на СДСМ, дека предлогот за нови линии е нивни, значи тој е наш предлог што сме го дале и тој предлог ќе биде влезен во програмата. Нема таму да оди автобус секој час, туку ќе има во одреден период, линија. Не може вака паушални изјави да се даваат.Потоа сакам да кажам дека заедно со Претседателот на Советот, побаравме од Секторот за урбанизам да го забрза процесот за легализација на објекти, дека има барања за легализација поднесени од 2011 година и уште не се легализирани, изјави Ангел Карапетров совентик од ВМРО ДПМНЕ.

Советникот од Алтернатива Фатон Сељами побара нови линии за Тетово – Вејце и Тетово – Бозовце, предлагајќи претпријатието да набави мини автобуси, за полесна реализација на предлогот.

„За јавното претпријатие Тетово Транспрот, беа предложени нови линии, тоа барање го доставив до ЈП Тетово транспорт“ додаде претседавачат на Советот на Општина Тетово Бесарт Дурмиши.

Видео на денот