Директорка незаконски потрошила 722.669 евра
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.С. кој е сопственик и управител на правниот субјект „Фимал Ком“ ДООЕЛ Скопје, како и правното фирмата „Фимал Ком“ ДООЕЛ Скопје. Пријавата е за сторено кривично дело даночно затајување.
Пријавената М.С. како управител и сопственик на пријавеното Друштво за градежништво, трговија и услуги „Фимал Ком“ ДООЕЛ експрт-импoрт Скопје, во периодот од први јануари 2013 до 31 декември минатата година, со намера да се стекне противправна имотна корист, присвоила лично за себе пари подигнати од банкарската сметка на фирмата на име материјални трошоци во износ од 44.444.194 денари или 722.669 евра.
„За овие пари во сметководствената евиденција не доставила доказ за нивната економска оправданост, не ги внела во задолжителните даночни биланси како даночно непризнати расходи, кои во име на пријавениот правен субјект ги поднела до Управата за јавни приходи и на тој начин пријавените затаиле данок на добивка во вкупен износ од 4.444.419 денари.
Пријавената М.С, во својство на управител на пријавеното правно лице, „Фимал Ком“ ДООЕЛ Скопје во 2018 година, до Управата за јавни приходи во име на пријавеното правно лице „Фимал Ком“ ДООЕЛ Скопје, поднела задолжителни ДДВ пријави, во кои искажала ДДВ во износ од 9.339.144 денари, но истото спротивно на законските прописи воопшто не го уплатила и покрај фактот што пријавеното правно лице било ликвидно, односно паричните средства наменети за плаќање на обврските по основ на ДДВ. Во голем дел биле подигнати од банкарската сметка на пријавениот правен субјект и истите биле присвоени од страна на пријавената М.С. за свои лични потреби, на кој начин пријавените го оштетиле Буџетот на државата по основ на ДДВ за износ од 9.339.144 денари, се појаснува во соопштението.
Со претходно наведените дејствија, пријавените лица го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 13.783.563 денари.