Динамо се врати во Загреб: Ристовски и соиграчите одбија да дадат изјави

фото: Pixsell/instagram.com/gnkdinamo/

Динамо Загреб од 20.45 часот вечерва во Атина требаше да го игра првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите против АЕК. Истиот е одложен од УЕФА поради големите навивачки нереди претходната вечер, во кои загина навивач на АЕК, а тешко беа повредени уште неколку навивачи од двете страни.

Европската фудбалска унија информираше дека првиот натпревар ќе се игра на 15 август во Загреб, а реваншот во Атина на 19 август.

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски и неговите соиграчи, како и стручниот штаб ја напуштија Атина и се вратија во Загреб. Таму ги пречекаа новинари и неколку навивачи, но ниту еден играч или член на клубот не сакаше да даде изјава за медиумите, тие само дадоа неколку автограми.

Претседателот на Динамо Загреб, Мирко Баришиќ претходно ѝ се обрати на јавноста:

ГНК Динамо најостро ги осудува немилите настани што се случија синоќа во Атина. Во име на клубот и во мое лично име, изразувам најискрено сочувство до семејството и родителите на починатиот млад човек. Исто така, изразувам сочувство и жалење за нашите спортски пријатели во АЕК.

Овде морам да истакнам дека Динамо упорно ќе продолжи да соработува со УЕФА за да не само да се спречат вакви настани, туку и да не се ни помислува на такви нереди. Убеден сум дека ќе успееме во тоа, а соработката со УЕФА ни дава поттик да истраеме во тоа. Нашата јавност ќе биде информирана за одигрувањето на следниот натпревар во продолжението од квалификациите за Лигата на шампионите – рече Баришиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот