Фото: gnkdinamo.hr

Динамо го урна Хајдук за огромен чекор кон нова титула

Фудбалерите на Динамо денеска остварија значајна победа на гостувањето кај Хајдук со резултат од 3:1 во дербито на хрватското првенство, со што направија огромен чекор кон нова титула.

Загрепскиот тим пристигна во Сплит со седум бода предност пред своите ривали, а по оваа победа разликата се зголеми на 10 бода. Актуелниот шампион Риека од лани ја бранеше титулата, но сега поголеми се шансите истата да се врати на Максимир.

Динамо одлично го отвори големото дерби на Пољуд. Гостите поведоа во седмата минута, кога Миха Зајц ја затресе мрежата на домашниот тим. Само четири минути подоцна, дојде уште еден шок за навивачите на Хајдук. По големата толпа во шеснаесетникот, Габриел Видовиќ постигна гол за 2:0.

По вториот гол на Динамо, домашните играа многу поагресивно и почнаа да создаваат сериозни шанси. Во 28 минута, Хајдук успеа да намали, Шимун Хрговиќ ја нафрли топката во шеснаесетникот, Раци ја погоди стативата, а Рокаш Пукштас налета на одбиената топка и постигна гол за 1:2.

Кратко потоа, Пукштас имаше одлична шанса за израмнување, но неговиот удар беше одбранет од Доминик Ливаковиќ. Динамо ја казни пропуштената можност на Хајдук со уште еден гол. По еден брз напад, Рајан Бакрар излезе сам пред голманот Силиќ и со силен удар го зголеми резултатот на 3:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Во остатокот од натпреварот, Хајдук се обиде да се врати во игра, но домашните не беа доволно конкретни, додека Динамо рутински ја зачува својата предност.

Во следното коло, Хајдук ќе биде домаќин на Локомотива, додека Динамо ќе игра со Славен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот