Димовски: Груби може да ја спречи оставката на Заев

„Оставката на Заев може да биде стопирана“, изјави поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во вечерашното гостување на телевизија Телма, појаснувајќи дека го кажува тоа што Груби и Османи го повторија неколкупати во последните денови – дека не се согласуваат со оставката.

Според Димовски, досега сѐ што кажал Груби за Заев, испаднало точно.

-Веќе поминавме месец и повеќе од локалните избори, во кои немаме ефектуирање на политичката моќ на централната власт. Ова формирање на влада ќе трае уште повеќе од месец. Долго време е потребно за СДСМ да си ги регулира внатрепартиските односи и потребата да се испазари со Алтернатива. Тоа државата ќе ја чини четири месеци, рече Димовски во гостувањето во емисијата „Само вистина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот