Димитријевиќ втор стрелец во триумфот против Енисеј во ВТБ лигата

фото: Ксения Богданова (БК "УНИКС")

Денеска во новиот натпревар од ВТБ лигата екипата на Уникс Казан на гости убедливо со 93:69 славеше над Енисеј.

По првото полувреме гостите имаа само пет коша разлика, а клучната беше третата четвртина која ја добија со 26:9.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше втор стрелец во триумфот, за скоро 30 минути на паркетот имаше 14 поени, четири скокови и шест асистенци.

Поефикасен од нашиот играч во тимот на Уникс беше само Маркос Најт кој запиша 19 поени, а на спротивната страна доминираше Ксавиер Мејс-Ратан со 28 поени.

На табелата Уникс Казан е на првото место со учинок 24-7, а во следното коло ќе игра дома против Зенит Петербург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот