Димитријевиќ со „дабл-дабл“ во триумфот на Уникс Казан во плеј-офот на ВТБ лигата

Ненад Димитријевиќ на мечот против Самара/фото: Ксения Богданова (БК "УНИКС")

Денеска во првиот натпревар од плеј-офот во четвртфиналето на ВТБ лигата кошаркарите на Уникс Казан со 83:73 славеа против Самара.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ во триумфот на Уникс Казан придонесе со „дабл-дабл“ учинок од 11 поени и 15 асистенции за нешто над 36:19 минути на паркетот, а воедно имаше и четири скокови.

Од неговите тимски колеги најефикасни беа Ерик Грин со 20 и Исмаел Бако со 18 поени.

На спротивната страна прв стрелец беше Џејмс Томпсон со 13 поени и седум скокови.

Вториот меч ќе се игра повторно на теренот на Уникс Казан на 25 април, а евентуалната „мајсторка“ е закажана за 28 април на теренот на Самара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот