Димитријевиќ одигра одлично и се радуваше во „македонското“ дерби против Рајковиќ

Ненад Димитријевиќ беше еден од најзаслужните во победата на Уникс во дербито против ЦСКА Москва (83:73) која од клупата ја предводи македонскиот стратег Емил Рајковиќ.

Во второто полувреме гостите од Казањ го скршија отпорот тимот од Москва. Имаа избраниците на Рајковиќ предност по две четвртини со 42:34, но подоцна работите се свртија во корист на Уникс.

Димитријевиќ беше одличен со 17 поени, девет скока и седум асистенции. Најефикасен во неговиот тим беше Димитриј Куљагин со 27 поени. На спротивната страна Џеј-ар Каспер уфрли 16 поени.

Со овој триумф Уникс се приближи до ЦСКА на врвот на табелата со 46 бода, два помалку од ЦСКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот